| |
Се започнува со заборавен новчаник…
1949, бизнисменот Френк Мекнамара додека
е на вечера во ресторан во Њујорк, сфаќа
дека новчаникот му останал во другото одело. Сметката ја плаќа неговата жена, а тој
решава веќе никогаш да не му случи истото.
Во Фебруари следната година, Френк и
неговиот партнер Ралф Шнајдер се враќаат
во истиот ресторан. Кога им ја носат сметката, Френк ја вади малата картонска Diners Club картичка и се потпишува за трошокот. Во бизнисот за кредитни картички овој настан
е познат како „Првата вечера“.
Основана во Њујорк, САД 1950, Diners Club е прва кредитна картичка и алтернатива
за готовина во светот. Само една година подоцна има 20.000 членови кои можат да ја користат во преку 1000 продажни места ширум Америка. Веќе во 1955 Diners Club картичката е прифатена во преку 20 земји во светот и има повеќе од 200.000 членови. Мрежата на Diners Club расте со огромна брзина, во 1967 картичката покрива 130 земји, повеќе од 123-те членки на Обединетите Нации во тоа време, 1969 Diners Club е прва картичка во Русија, 1978 – 3,5 милиони членови и 400.000 продажни места.
Динерс Клуб Македонија почнува да работи во 1996 година како прва кредитна картичка кај нас. Денес со неа може да купувате во 8 милиони продажни места во
странство и во повеќе од 3.000 продажни места во Македонија, може да купувате на
повеќе рати, да ги плаќате месечните редовни трошоци (мобилен телефон,
топлификација и.т.н.), да се осигурате од последиците на несреќен случај, да
подигнете готовина во непредвивдени ситуации, може да купувате мебел, бела
техника, облека, обувки, козметика, прехрамбени производи, услуги на авио компании, туристички агенции, рент а кар услуги, гориво, хотели, ресторани и др.
Краток преглед
Првата кредитна картичка во светот сеуште предводи
Глобална Мрежа
Преку 200 држави
Финансиска моќ
Поддржана од Citigroup, водечка светска финансиска организација
Прифаќање
Повеќе од 8,1 милиони продажни места низ светот
892.000 АТМ – Автомати за готовина
3.000 Продажни места во Македонија
Членство
8 милиони членови во светот
Повеќе од 10.000 членови во Македонија
Профил на членови
Најголема просечна потрошувачка по член
Државни институции
Бизнис патници и големи фирми
|
|