Познатиот глумец, на двапати добитник на престижната награда Оскар за режија, Кевин Костнер во понеделникот на 13.12.2010 ги воодушеви сопствениците на Динерс Клуб Ексклузив картичката, кои беа гости на традиционалниот настан во Словенија "Во друштво на познатите".
На настанот кој се одржа во Изложбениот центар во Љубљана, присуствуваа повеќе од 1200 гости. По пристигнувањето на ѕвездата и неговиот тим, следеше модна ревија на најновата колекција на XYZ Premium Fashion Store. Главниот момент од вечерта беше настапот на групата на Кевин Костнер, Модерен запад, чијашто музика е мешавина од рок и кантри музика. Во текот на вечерта како дел од изненадувањата, Кевин Костнер потпишал договор за Динерс Клуб Ексклузив картичка.
Покрај тоа, вечерта сопствениците на Динерс Клуб Словенија подариле во добротвотни цели 11.950 евра.
Донациите кои биле собрани на настанот ќе бидат подарени на 150 деца од сиромашни семејства.