Динерс клуб Македонија
 
 
 
 
 
 
СООПШТЕНИЕ Извршниот директор на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Божидар Јанковски станува сопственик на компанијата
 
 
Скопје, 10 декември 2020г. – Финансиското Друштво Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје информира за промена во сопственичката структура на компанијата, откако  Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска го продаде целосниот удел на извршниот директор на Друштвото Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ, Божидар Јанковски.

"Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на компанијата во изминатите 20 години, ја добивам оваа ретка можност како приватно лице да бидам сопственик на компанијата која продолжува да работи под франшизата на Diners Club International Ltd. Ваква соработка е вистинска реткост и потврда на фактот дека компанијата со години бележи одлични успешни резултати и раст. Со овој чекор се отвораат нови можности за понатамошен, забрзан развој на Динерс Клуб во нашата земја, пред сè во насока на ширење на продажната мрежа, унапредување на корисничката грижа, производите и услугите за клиентите. Динерс Клуб останува посветен да направи разлика, да им донесе повеќе привилегии и поволности на своите корисници. Приоритети во блиска иднина се воведување на нови можности и продукти на што веќе работиме, а целосно сме посветени и на забрзан развој на дигитализација на нашите услуги и производи“- истакнува Божидар Јанковски, Извршен директор на Динерс Клуб Интернационал Македонија.

„Би сакале да им се заблагодариме на менаџментот и на сите вработени за плодната и конструктивна соработка во изминатите три години. Уште повеќе, силно веруваме дека Динерс Клуб Македонија ќе го продолжи своето успешно деловно работење на локалниот пазар и во иднина. И во таа насока веруваме во можна идна соработка со цел поматамошно зајакнување на севкупната позиција на брендот на Динерс Клуб на регионално ниво“, изјави Јурген де Руијтер, Член на Управниот одбор на Ерсте Кард Клуб.

Истовремено, за прв пат Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги во сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), еден од најпознатите брендови во финансискиот сектор на САД. Со тоа Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје го презема ексклузивното право за издавање на Динерс Клуб картичка, како и можноста за понатамошен развој и работење на брендот во Република Северна Македонија.

„Ни претставува особено задоволство што го потпишавме ова ново партнерство со менаџментот на Динерс Клуб Македонија, кои низ годините со иновации и посветеност кон своите клиенти, изградија исклучително успешно деловно работење во финансиските услуги во земјата.“, изјави Мат Слоун, Управен Директор ЕМЕА за Discover Financial Services, и додаде „Со нетрпение очекуваме да работиме заедно за понатамошно унапредување на веќе силната позиција на брендот во земјата и да донесеме нови и иновативни услуги за корисниците на Динерс Клуб Македонија.“

По промената на сопственоста, нема да има промени во името и седиштето на компанијата, како и во обврските на компанијата. Не се менуваат ниту договорните обврски и права на и кон клиентите и коминтентите.

Динерс Клуб Интернационал МАК, веќе 25 години работи на македонскиот пазар. Динерс Клуб е првата кредитна картичка која е достапна за корисниците во нашата земја. Од март 2017 сопственик на Динерс Клуб Македонија беше Ерсте Кард Клуб доо Загреб.

Денес, Динерс Клуб Интернационал МАК има корисничка база од над 15.000 активни корисници на пазарот во РС Македонија, богато портфолио на производи и ко-брендирани картички, 24 часовна корисничка поддршка, над 3000 продажни места во земјата, каде што може да се купува на рати.

За успешното работење на компанијата сведочат бројните награди како што се Национален шампион во категоријата “Посветеност на корисниците” на Европските бизнис награди,  „Ones to Wach - European Business Awards 2019” во категорија на „Општествена одговорност и свесност за животната средина“, а во 2020 година „Динерс Клуб Македонија“ повторно е добитник на награда за „Најдобра кредитна картичка посветена на грижата за корисници и нивно задоволство“, престижно признание во глобалната финансиска заедница кое го доделува Global Banking & Finance Awards®. За повеќе информации  посетете ја страницата www.diners.com.mk

За Discover Financial Services
Discover Financial Services (NYSE: DFS) е компанија за услуги на директно банкарство и плаќања и еден од најпознатите брендови за финансиски услуги во САД. Од своето основање во 1986г., компанијата стана еден од најголемите издавачи на картички во САД. Компанијата ги издава Discover card, America's cash rewards pioneer, и нуди приватни студентски кредити, лични заеми, заеми за домување, штедни и чековни сметки и ги сертифицира депозитите преку своите директни банкарски бизниси. Компанијата ја работи мрежата Discover Global Network која се состои од Discover Network, со милиони продажни локации и пристап до готовина; PULSE, една од водечките национални АТМ и дебитни мрежи; и Diners Club International, глобална мрежа за плаќање која е прифатена низ целиот свет. Повеќе информации се достапни на  www.discover.com/company.

За Diners Club International Ltd.
Воспоставена во 1950г., Diners Club International станува првата повеќенаменска картичка за плаќање во светот, која започнува финансиска револуција во начинот на кој клиентите и компаниите плаќаат за производи и услуги. Денес, Diners Club е глобално препознаен бренд кој опслужува платежни потреби на одбрани и привилегирани клиенти, нудејќи пристап до повеќе од 850 аеродромски ВИП делови низ светот, и овозможувајќи им на корпорациите и сопствениците на бизниси целосно портфолио на решенија за управување со трошоци. Со прифаќањето во 190 земји и територии, милиони продажни места и пристап до над 1 милион пристапни локации за готовина и АТМи, Diners Club, како дел од Discover Global Network, е единствено овластен да ги опслужува своите членови низ целиот свет. Diners Club International е филијала во целосна сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), компанија за услуги на директно банкарство и плаќања и еден од најпознатите брендови за финансиски услуги во САД. За повеќе информации посетете ја веб страницата www.dinersclub.com.
 
 
ОСТАНАТИ ВЕСТИ
 
Динерс Клуб Македонија повторно добитник на награда за "Најдобра кредитна картичка посветена на грижата за корисници и нивно задоволство"
12.06.2020
 
 
ПОНУДА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 90 ДЕНА
16.04.2020
 
 
Известување
31.12.2018
 
 
Известување за неработни денови 06 и 07.01.2017
05.01.2017
 
 
Erste Card Club d.o.o. го презема работењето на Diners Club во Србија, Македонија и во Црна Гора
29.11.2016
 
 
Динерс Клуб Македонија национален шампион на европските бизнис награди 2016/17, во категоријата ”Посветеност на корисниците”
14.09.2016
 
 
GLOBAL BANKING & FINANCE REVIEW го прогласи Diners Club Macedonia за компанија со најдобра грижа за корисници на пазарот
27.10.2015
 
 
Како да гратис членарина!
05.10.2015
 
 
Вашата омилена картичка слави роденден!
17.09.2014
 
 
Добивајте ја сметката на Вашата e-mail адреса!
01.08.2014
 
 
Најава за патување во странство
01.08.2014
 
 
Известување
23.05.2014
 
 
Купувајте со Diners Club картичка во Inditex!
20.05.2014
 
 
Пристигна новата колекција во Benetton и Sisley!
06.03.2014
 
 
Купувајте на 3 РАТИ
19.02.2014
 
 
Плаќање до 3 рати за услугите на МВР
21.01.2014
 
 
Известување на плаќање на сметки за Водовод и канализација
25.12.2013
 
 
Информација за плаќање на девизен трошок
20.12.2013
 
 
Купувајте на рати во Мега Куманово
21.10.2013
 
 
Нафта за домаќинство на рати
17.10.2013
 
 
Купувајте на 6 рати во P.S. Fashion
02.10.2013
 
 
Најава за патување во странство
16.04.2013
 
 
Само дома си е дома
06.03.2013
 
 
Diners Club iOS Апликација
24.12.2012
 
 
Diners Club и Охридско лето
05.07.2012
 
 
Нови намалени каматни стапки
03.07.2012
 
 
Познати сите патници на Карневал под Маски Венеција 2012
01.02.2012
 
 
Карневал под маски
24.01.2012
 
 
Карневал под маски
18.01.2012
 
 
Карневал под маски
10.01.2012
 
 
Diners Club Премија
09.01.2012
 
 
Карневал под маски
29.12.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
05.12.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
07.11.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
05.10.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
05.09.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
05.08.2011
 
 
Diners Club секој месец наградува
06.07.2011
 
 
Донација на децата од СОС детско село
27.05.2011
 
 
Василичарски гала-концерт
15.01.2011
 
 
Препознајте ја надежта и уживајте во неа
31.12.2010
 
 
Гала-настан Во Друштво на славните - Словенија
14.12.2010
 
 
 
 
 
   
  Контакт   |   Тарифник   |   Корисни совети   |   Често поставувани прашања   |   Прашања   |   Follow us on facebook   Follow us on twitter