Скопје, 15.04.2020г,
Јавната понуда е наменета за физички лица, корисници на Динерс Клуб картички, кои заклучно со 31.03.2020 година немаат статус на Сторнирана Динерс Клуб картичка.
Детали на понудата:
1.Во периодот од 01 април до 30 јуни 2020 година, физичките лица кои се корисници на Динерс Клуб картички по договорите за издавање и користење на Динерс Клуб картички кои се склучени заклучно со 31 Март 2020 година, ќе ги плаќаат сметките намалени за 70% од вкупниот износ на сметката.
2.Обврските по основ на помалку платени сметки во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година наведени во точка 1 од Понудата, ќе се одложуваат за 90 дена.
3.По истекот на периодот на одложување, во следната наредна сметка, одложените обврски ќе доспеат во целост за плаќање.
4.За периодот додека трае одложувањето за плаќање на обврските на помалку платени сметки, ФД Динерс Клуб Интернационал МАК дооел Скопје, нема да засметува никакви дополнителни трошоци.
5.За периодот додека трае одложувањето за обврските по основ на помалку платени сметки, Вашите Динерс Клуб картички ќе бидат целосно блокирани за користење. Картичките ќе бидат деблокирани со целосно отплаќање на обврските по периодот наведен во точка 2 и 3 на оваа Понуда.
6.Доколку не ја прифаќате оваа Понуда, за да можете да продолжите да ги користите Вашите Динерс Клуб картички , Ве молиме најкасно до 26.04.2020 година, да кликнете тука. Во спротивно ќе се смета дека истата сте ја прифатиле.
7.За сите нови Динерс Клуб членови, кои ќе се стекнат со Динерс Клуб картичка во период од 01.04.2020 до 30.06.2020 година, нема да важи Понудата за одложено плаќање.
8. Доколку сте согласни со Понудата НЕ Е ПОТРЕБНО ДА НАПРАВИТЕ ништо. Се смета дека без одговор членовите ја прифаќаат објавената Понуда и понудените услови.