Пред да патувате во странство, Ве потсетуваме да го најавите истото поради полесна обработка на податоци и спречување на потенцијална злоупотреба на Вашата картичка. Најавата може да ја направите на контакт телефонот 15 155 или на avtorizacija@diners.com.mк.
Дополнително би сакале да ве потсетиме дека плаќање на рати во странство е единствено возможно во Србија. Трошоците направени во странство Ви се фактурираат во денари.
Активирајте ја СМС инфо + услугата, ќе добиете известувања за секој Ваш трошок. Воедно ќе се осигурате од злоупотреба во случај на кражба или губење на картичката. Инсталирајте ја Diners Club Travel апликацијата на Вашиот телефон. Преку апликацијата ќе може да ги пронајдете најблиските банкомати и продажните места на Динерс Клуб. Апликацијата е бесплатна и е достапна на Вашите паметни телефони.
Среќен пат и пријатно патување!
ОСТАНАТИ ВЕСТИ
СООПШТЕНИЕ Извршниот директор на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Божидар Јанковски станува сопственик на компанијата