По повод Европската година за борба против сиромаштијата, Динерс Клуб донираше основни прехранбени продукти за лицата во ризик - корисници на "Народна кујна". Пакетите со продуктите беа распоредени во Народните кујни кои се наоѓаат во подрачјето на град Скопје.
И оваа година средствата наменети за Новогодишна честитка Динерс Клуб ги пренамени за одбележување на Европската година за борба против сиромаштијата, проект подржан Министерството за труд и социјална политика.