Поради полесна обработка на податоци и спречување на потенцијална злоупотреба на Вашата картичка Ви препорачуваме да ни најавите патување во странство. Најавете се не порано од три дена пред започнувањето на патувањето.
Како мерка на претпазливост воведовме задолжителна најава за патување во САД, Канада, Соединети Арапски Емирати, Кина, Јапонија, сите држави од Африка и Јужна Америка, а за патување во Европа задолжително најавете ни доколку патувате во Албанија, Бугарија, Русија, Малта и Унгарија како би можеле да Ви овозможиме непречено користење на Вашата Динерс Клуб картичка.
Најавата може да ја направите на контакт телефонот 15 155 или со испраќање на е-маил на avtorizacija@diners.com.mk во кој ќе наведете име и презиме на корисникот на картичката , бројот на картичката, како и периодот и земјата во која ќе престојувате.
Дополнително би сакале да ве потсетиме дека плаќање на рати во странство не е возможно. Трошоците Ви се пресметуваат во евра.
Во случај да ја изгубите картичката или доколку истата Ви се оштети додека сте во странство, Ве молиме да не контактирате на +389 2 15 155, а ние ќе Ви ја замениме картичката со нова во најкраток можен рок.
Ако планирате да уплатите аранжман за летните одмори, платете до 12 рати и искористете го попустот што Ви го овозможи Динерс Клуб во следниве туристички агенции.
Динерс Клуб Ви посакува пријатно патување и среќни празници!
ОСТАНАТИ ВЕСТИ
СООПШТЕНИЕ Извршниот директор на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Божидар Јанковски станува сопственик на компанијата