DinersClubMK е бесплатна апликација на Динерс Клуб Македонија која е изработена за iOS уреди, односно iPhone, iPad и iPod touch.
Оваа апликација e прва од ваков тип во Македонија, изработена за финансиска институција, а втора на светско ниво на DCI. Oвозможува брз и едноставен пристап до сите новости, следење на промоции, секојдневни попусти и понуди на денот од продажни места. Корисниците на апликацијата можат да пребаруваат банкомати, трговски центри или продажни места по категории, градови и оддалеченост, додека пак преку овозможени геолокациски услуги се нуди најблиската локација до корисникот.
За корисниците кои постојано патуваат низ светот, DinersClubMK обезбедува листа на повеќе од 450 аеродромски салони со детални податоци за понудата на секој салон. Сите корисници на Динерс картички имаат можност да се регистрираат на My Diners за проверка на моментална состојба на сметката, сите трансакции за период, уплати за период и трошоци за следната сметка.
DinersClubMK е особено корисна апликација бидејќи нуди многу информации за сите нејзини корисници, со неограничен пристап и без оглед дали станува збор за корисници на Динерс Клуб картичка. Воедно, доколку корисникот е заинтересиран за картичка, може веднаш да аплицира директно преку DinersClubMK. DinersClubMK е достапна на македонски, англиски и албански јазик. Апликацијата може да се симне од Apple App Store на следниот линк.