Децата од СОС Детското Село и Македонските идоли беа гости на фамилијата Џоковиќ имајќи за цело време ВИП третман, ВИП влезници за следење на еден меч на централниот терен, прошетка низ прекрасните терени и целиот комплекс Новак каде што се оддржува турнирот, фотографирање со светскиот тениски рекет Новак Џоковиќ и маици со ликот и потписот на Новак.
Децата од СОС Детското село за време на дводневниот престој во Белград беа и на 3D проекција на филм во ТЦ Ушче и панорамско разгледување на Белград и околината.
Како што кажаа некои од децата од СОС Детското село, за нив, ова патување ќе остане во незаборавен спомен.
Динерс Клуб Македонија отсекогаш знаел и знае каде да донира дел од своите средства. Пресреќни сме што израдувавме 19 прекрасни деца кои што знаеа како да се заблагодарат.
Тоа се гледаше од нивните очи.
Динерс Клуб Македонија